Нашиот степен на усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, според последниот извештај на Европската комисија (октомври 2020) за 2019, изнесува 92%, укажува вицепремиерот за европски прашања
Како скандалозна невистина ја оцени вицепремиерот Никола Димитров изјавата на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Заехариева дека степенот на усогласеност на С Македонија со заедничката надворешна политика на ЕУ е многу низок – под 50 проценти, што, како што вели таа, е и под нивото на Србија.
„Ова е скандалозна невистина. Нашиот степен на усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, според последниот извештај на Европската комисија (октомври 2020) за 2019, изнесува 92%“,
наведува Димитров во објава на фејсбук, реагирајќи на изјавата нЗахариева за Бугарското национално радио (БНР), што ја пренесе МИА од Софија.
Димитров во објавата наведува дека е очигледно оти е потребна поголема внимателност, особено кога се работи за лесно достапни податоци.
Според Захариева, некои од земјите кандидати за членство во ЕУ од регионот се многу малку усогласени со заедничката надворешна политика на ЕУ кон Русија, како резултат на влијанието на Москва врз нив.
