„Еурактив“ потсетува дека твитот на премиерот Зоран Заев, во кој за националниот фудбалски тим пишува „македонска репрезентација“, предизвика силна реакција од грчката владејачката Нова демократија, која излезе во јавноста со најава дека привремено ќе го замрзне ратификувањето на трите меморандуми
Најголемата грчка опозициска партија Сириза ја повика Владата на премиерот Киријакос Мицотакис брзо да ги ратификува трите меморандуми потпишани меѓу Грција и Северна Македонија, како дел од Договорот од Преспа, по најавите дека Атина размислува за понатамошно одложување на процесот, пишува денеска „Еурактив“.
„Еурактив“ потсетува дека твитот на премиерот Зоран Заев, во кој за националниот фудбалски тим пишува „македонска репрезентација“, предизвика силна реакција од грчката владејачката Нова демократија, која излезе во јавноста со најава дека привремено ќе го замрзне ратификувањето на трите меморандуми.
Меморандумите, кои се однесуваат на економската соработка меѓу двете земји, забрзувањето на пристапот на Северна Македонија кон ЕУ и контролата на воздушниот простор, се замрзнати повеќе од една година и требаше да бидат ратификувани во јули.
„Донесете ги меморандумите во парламентот. Престанете да си играте со европската иднина на Северна Македонија и со европските интереси во регионот и проблематичниот Балкан“,
изјави пратеникот на Сириза, Костас Захаријадес, додавајќи дека секое одложување го зголемува влијанието на Турција во регионот.
Спопред Захаријадес, Владата бара изговор за одложување на процесот поради противењето на некои пратеници од Нова демократија.
„Еурактив“ потсетува дека Договорот од Преспа беше потпишан кога Сириза беше на власт. Нова демократија тогаш беше против, но по доаѓањето на власт се изјасни дека ќе го почитува зашто станува збор за меѓународен договор.