Сирените за тревога се огласија во голем број украински градови – од Лавов на крајниот запад на земјата до Днепар, Черкаси и Запорожје на југоисток. Во последните три града се слушнале и експлозии, пренесуваат украинските медиуми.
„Еден проектил го погоди центарот на Днепар и железничката зграда“,
изјавил градоначалникот.
Украинските железници соопштија дека никој не е повреден во нападот.
Бегалците од фабриката за челик Азовстал во Мариупол неодамна пристигнаа во Запорожје, кој исто така е нападнат.