Александар и од Филип Мијалкови, во реакцијата до„360 степени“, ја раскажуваат својата верзија за инцидентот во петокот вечерта
Александар и Филип Мијалкови, синовите на поранешните директори на УБК и на Царинската управа Сашо и Влатко Мијалков тврдат дека не учествувале директно во тепачката што се случила во петокот вечерта во кафуле во скопско Дебар Маало, туку дека се обидувале да ги разделат двете групи кои дошле во конфликт поради девојка.
Во реакцијата испратено до „360 степени“, од маил-адреса на Александар Мијалков, а на која е потпишан и неговиот братучед Филип се посочува дека тие не биле прведени, како што објавија дел од медиумите, туку дека биле повикани да дадат исказ за случајот, по што веднаш отишле во полициска станица.
„Заради точно информирање на јавноста, би сакале да ги демантираме сите невистини дека наводно сме претепале момче и дека затоа тоа сме биле приведени.Свесни сме дека презимето кое го носиме предизвикува внимание во медиумите и јавноста, но тоа не ја намалува обврската за професионално известување и пренесување на двете страни пред да се изведе заклучок дека некој некого претепал или ‘бил уапсен’“,
се нагласува во реакцијата.
Во дописот што го добивме, подетално се опишуваат случувања во петокот вечерта, кога дошло до тепачка во кафе-бара во центарот на Скопје, за што информираше и МВР, без потврда за идентитетот на учесниците во инцидентот.
„Во петокот вечерта, со неколкумина пријатели бевме излезени во кафуле во Дебар Маало. Околу 20:45 часот, еден од пријателите од нашето друштво имаше расправија со девојката, после која беше нападнат од неколкумина нејзини другари. Еден од нив, кој делуваше дека е под дејство на алкохол, извади и боксирач и удираше со него. Ние двајцата ги двоевме двете групи и се обидувавме да ја смириме ситуацијата, за да не ескалира. Откако момчињата од двете групи излегоа надвор, лицето кое имаше боксирач продолжи да напаѓа, а ние се трудевме да спречиме некој да биде повреден. На жалост нашиот пријател се здоби со три расекотини на главата од боксирачот на тоа момче. Подоцна разбравме дека токму напаѓачот е тоа 19 годишно момче кој го пријави настанот. После случката заминавме дома, нашиот пријател побара медицинска помош.“,
се наведува во дописот од Мијалкови.
Понтаму се додава дека вчера не биле приведени, туку биле повикани од полицијата да дадат исказ во врска со настанот.
„Веднаш постапивме по поканата и кажавме што и како се случи. За жал, еден од нашите пријатели и во текот на вчерашниот ден продолжи да добива закани на мобилниот телефон. Исто така, во текот на вчерашниот ден, Филип беше нападнат од истата група на момчиња кои со шипки и пендраци удираа по колата во која што седеше. Во полиција е пријавен и насилен напад врз Филип, при што беше оштетено возилото во кое се наоѓаше. Се надеваме дека полицијата ќе го расчисти случајот, а со тоа ќе запрат и дезинформациите во јавноста“,
се посочува во реакцијата.