Вкупно 133 лица во текот на изминатото деноноќие не го почитувале полицискиот час, информира МВР.
Од нив, приведени се 26 лица, а против 33 граѓани се поднесени кривични пријави.
„Евидентирано е дека забраната не ја почитувале 133 лица, најмногу во Скопје (44), при што биле приведени 26 лица, против 33 лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, за три прекршочни пријави, додека пак 71 лице се опоменати“,
информираат од МВР.
Како што претходно информираше техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, кривичните пријави се поднесени по членот 206 од Кривичниот законик за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, а оние што биле затекнати како вршат и други кривични дела ќе бидат соодветно гонети и по други членови од Кривичниот законик.
МВР истовремено контролира и речиси 10 000 граѓани кои имаат решенија за изолација или потпишале изјава на граничните премини дека по влезот во земјава ќе останат во домашен карантин. За зголемување на капацитетите за контрола со уредба од Владата со законска сила, полициски овластувања доби и Армијата.