Во однос на април, кога изнесувала 62 691 денари, синдикалната минимална кошничка во мај изнесува 63 908 денари
За покривање на минималните трошоци на едно четиричлено семејство во мај годинава му се потребни 63 908 денари. Толкав е износот на минималната синдикална кошничка пресметан од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Во споредба со минатиот месец, вредноста на синдикалната кошничка за мај е зголемена за 1 217 денари.

Априлската кошничка изнесуваше 62 691 денари.
Трошоците за храна и пијалаци во синдикалната кошничка во мај изнесуваат 22 434 денари и се за 954 денари зголемени во однос на април. Според ССМ, евидентно е дека без мерките, цените неконтролирано се зголемуваат.
„Предизвикот со високите цени особено на основните прехранбени производи прави огромен притисок врз ниските плати на работниците во Македонија. Во услови на зголемени трошоци за живот, зголемената вредност на синдикалната минимална кошница особено по завршувањето на мерките на Владата упатува на тоа дека е потребен раст на платите. Денеска е повеќе од јасно дека за растот на платите не говориме само ние од ССМ, туку се погласно зборуваат работниците и граѓаните кои на свој грб ја чувствуваат оваа неправда“,
велат од Сојузот на синдикати на Македонија.