Од МВР велат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци

Дваесет и шестгодишна жена вчера пријавила дека во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг.
„На 20.04.2023 во 16:30 часот 26-годишна жена од кумановско село пријавила дека во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг Н. Ј. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“,
се вели во денешниот полициски извештај.
Семејно насилство вчера било пријавено и во Пробиштип. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера, 58-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот син.
„На 20.04.2023 во 09:30 часот 58-годишна жителка од Пробиштип пријавила дека на 13.04.2023 околу 23:30 часот била физички нападната од нејзиниот син М. А. (30) од Пробиштип, кој употребил и тврд предмет“,
се вели во извештајот на МВР.
Од МВР велат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.