Според полициските соопштенија што ги пренесуваат германските медиуми посебни заштитни мерки се преземаат за безбедноста на катедралите во Келн и Виена, како и на божиќните пазари. Катедралата во Келн се пребарува со полициски кучиња, а на Бадник сите посетители ќе бидат проверувани пред да влезат во црквата
Германската полиција од вечерва спроведува посебни безбедносни мерки во катедралата во Келн поради опасност од можни терористички напади за време на Бадник и Божиќ, пишуваат германските медиуми.

Новинската агенција ДПА на социјалната мрежа „Икс“ објави дека според нејзини информации германските безбедносни власти добиле сознанија дека исламистичка група можеби планира да ја нападне катедралата во Келн.
#BREAKING: German security authorities received indications that an Islamist group may have been planning to attack Cologne Cathedral, dpa has learned. pic.twitter.com/zL4vV1OleY
— dpa news agency (@dpa_intl) December 23, 2023
Весникот „Билд“ на своето онлајн издание вечерва ги пренесува соопштенијата на полицијата дека катедралата во овој град ќе биде под специјални заштитни мерки за време на божиќните празници.
„Поради предупредувања за опасност за катедралата во Келн, полицијата од оваа вечер ќе преземе посебни заштитни мерки“,
рекол портпаролот на полицијата во Келн.
Тој додал дека нема да даваат дополнителни коментари додека трае истрагата на службата за државна безбедност која е во тек.
„Иако референцата се однесува на новогодишната ноќ, ние ќе земеме предвид сè оваа вечер за да ја осигураме безбедноста на посетителите на катедралата на Бадник“,
соопштил шефот на полицијата во Келн, Мајкл Есер.
Според неговото известување, по вечерната миса катедралата во Келн се пребарува со полициски кучиња, а утре сите посетители ќе бидат проверувани пред да влезат во црквата.
BREAKING: German authorities have received an alert that a group may have been planning an attack on the Cologne Cathedral. https://t.co/A5xCjtrvcY
— DW News (@dwnews) December 23, 2023
Денеска и виенската полиција исто така објавила дека го зголемува своето присуство, а како причина оттаму го навеле зголеменото ниво на тревога од тероризам.
„Бидејќи терористичките актери ширум Европа повикуваат на напади на христијански настани – особено околу 24 декември – безбедносните власти ги зголемија соодветните заштитни мерки на јавните простори во Виена и сојузните држави“,
соопштиле австриските власти.
Мерките, како што пренесуваат германските медиуми повикувајќи се извештаите на австриските власти, би можеле да вклучат контрола на пристапот до верските објекти, а божиќните пазари исто така ќе бидат под посебен надзор на надлежните служби.
Под посебен режим на контрола ќе биде катедралата Свети Стефан во Виена.
„Овие мерки на претпазливост служат за одржување на општата безбедност на луѓето во Австрија. За време на божиќните празници ќе има зголемени полициски мерки на претпазливост. Распоредени се цивилни и униформирани служби за итни случаи со специјална опрема и долго оружје. Полициското внимание е фокусирано првенствено на црквите и верските настани, особено на црковните служби и божиќните пазари. Мерките се преземаат по потреба и може да вклучуваат и контроли на пристап доколку е потребно. Посетителите на настани и црковни служби се замолени да донесат документ за идентификација со фотографија и да останат повеќе време од вообичаено“,
соопштиле надлежните власти во Австрија, пишува „Билд“.
Според информациите на „Шпигел“ и на австриски „Стандард“, опасноста од напади доаѓа од тероростичка ќелија од Централна Азија која се смета за огранок на Исламска држава (ИД) која ги повикала своите следбеници да извршат терористички напади на Запад.
На готовс како што пишува „Билд“ е и полицијата во Мадрид, каде исто така службите алармирале за опасност од терористички напади за време на божиќните празници.
Според информации од безбедносни кругови што ги пренесува германските медиуми викендов имало и претрес во куќа во Германија. Засега нема официјални информации за приведени осомничени, иако „Билд“ повикувајќи се на свои извори пишува дека имало апсења во Виена и едно во Германија.