Новата пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова најавува дека нејзиниот ангажман во парламентот ќе биде посветен на кревање на неговиот дигнитет.
„Ќе сторам се, Собранието да биде попристојно место за демократија, да биде школа на демократија. Да се обидеме да развиваме политика во границите на правото а не правото да го подредуваме а јас лично имам намера сократовски да го вознемирам авторитарниот дух“,
изјави пратеничката Силјановска-Давкова.