На последното испраќање на папата е најавено присуство на бројни светски лидери, претседатели и премиери, членови на кралски семејства, верски водачи и на околу 200 илјади верници
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова утре ќе присуствува на погребната миса посветена на папата Франциск, што ќе се одржи пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, соопштија денеска од нејзиниот кабинет.

Со мисата ќе присуствува кардиналот Џовани Батиста Ре, декан на колеџот на кардиналите.
Церемонијата ќе почне во сабота во 10 часот на плоштадот пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, а по богослужбата телото на папата ќе биде преместено во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим, каде што ќе се одржи погребот.
Тој ќе стане првиот папа кој ќе биде погребан надвор од Ватикан по повеќе од 100 години откако во својот последен тестамент изрази желба да биде погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим.
На последното испраќање на папата е најавено присуство на бројни светски лидери, претседатели и премиери, членови на кралски семејства, верски водачи и на околу 200 илјади верници.
Папата Франциск почина на 21 април во 7:35 часот на 88-годишна возраст.
Причината за неговата смрт, како што објави Ватикан, се мозочен удар и срцева слабост.