„Јас ве уверувам дека ќе ги мерам зборовите, ве уверувам дека ќе градам сојузи и сојузништва, дека ќе интегрирам, а нема да дезинтегрирам“, рече кандидатката за претседател на државата
Пратеничката и универзитетска професрока Гордана Силјановска-Давкова и официјално е кандидат за претседател на државата, откако денеска големо мнозинствот делегати на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја потвдија нејзината кандидатура за претстојните претседателски избори.

Од 454 присутни делегати на конвенцијата што се одржа во Филхармонија, за кандидатурата на Силјановска-Давкова гласале 444.
Поздравена со овации и скандирања, таа во своето обраќање рече оти резултатот од гласањето ја остава без зборови, посочувајќи дека дадената доверба ѝ значи многу.
„Не очекував олку голем резултат. Од срце ви благодарам, оти не веруваме дека разумот може во ваква атмосфера да зборува. Признавам дека ниту еден труд и членство во меѓународни организации не ми значелело толку колку можноста што ми ја дадовте вие, и тогаш и сега, да си го запознам народот“,
рече Силјановска-Давкова, која имаше обраќање и пред гласањето за нејзината кандидатура.
Таа порача дека многу работа „стои пред нас“ и ги повика сите оние што ќе бидат носители на некоја функција, да стават крај на овие, како што ги оцени, страшни поделби по која било основа – најмногу партиска и политичка.
„Да не се однесуваат кон опозицијата како тие што се однесуваа кон неа, затоа што без опозиција нема демократија. Да градат консензус за најважните прашања и интереси. Да излегуваат кон надвор услогласени, зошто само лидери и државници тоа го прават. Патот го знаеме, ние и не бираме други патишта, како што велат, ама не се станува европјанин, не се вежба европеизација преку реторика ЕУ, ЕУ, ЕУ… туку преку вежбање демократија. Мора копенхагеншки да се однесуваме, мора владеењето на правото да ни биде прво, мора слободите и правата на човекот да ни бидат во фокусот, мора пазарна економија да градиме, мора да ги почитуваме индивидулните права, ама исто така и малцинските права. Јас ве уверуваме дека нема да ве засрамам. Јас ве уверувам дека ќе ги мерам зборовите, ве уверувам дека ќе градам сојузи и сојузништва, дека ќе интегрирам, а нема да дезинтегрирам“,
кажа Силјановска-Давкова по официјализирањето на нејзината кандидатура за претседател на државата.

Правејќи паралела со Европската Унија, како заедница на различности, таа рече дека треба да градиме современа, модерна, по европски стандарди структуирана држава, во која граѓаните ќе бидат суверенот.
„Да ги почитуваме и правата на заедниците , да ги почитуваме различности, но да не забораваме дека Европска Унија е единство на различности. И ние имаме што да внесеме во Европската Унија. Од секогаш сме биле во географска, ама и во културна смилсла дел од Европската Унија: Балканот не смее да остане приферија на периферијата. Затоа треба сите ние да се обединиме, во сите полиња, така ќе бидеме посилни, така и ќе си го заслужиме местото. Мислам дека патот е трасиран, а вистинските лидери можат да бидат луѓе кои се себе реализирани, но вистински луѓе можат да бидат и луѓе кои не негуваат само презир….И јас сум сигирна дека не само ние, туку и Европската Унија ќе има полза од нас, ама сите ги молам немојте она што е најважно во уметноста, во културата, специфичноста, оригиналноста да ја внесуваме во градењето на државата. Многупати сум рекла дека нам ни треба една пристојна, нормална, па дури и досадна држава, не егзотика, доста бевме егзотични билки за светот и за Европската Унија. Не во ЕУ треба да одиме со компатибилен политички систем, а него го нема без владаеење на правото. Немојте да концетрираме моќ кај луѓе кои мислат дека се, бидејќи мислат дека се политички богови, секогаш треба да знаеме дека има нешто над нас. Само така ќе можеме да чекориме како што треба“,
рече Силјановска Давкова.
Заокружувајќи го своето обраќање, таа порача оти смета дека е време за јасни ставови и за конзистентност, дека е „време за стаменост“.
„Само така ќе бидеме препознаени како сериозни кандидати, како сериозни играчи, како сериозни државници кои водат сметка за суверенот, односно за вас, за граѓаните“,
рече кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата.
Силјановска-Давкова најави дека ќе ги собира потребните 10 000 потписи од граѓаните, кои досега веќе ги собраа петтемина кандидати за претседателските избори чиј прв круг ќе се одржи на 24 април годинава, а вториот, доколку е потребно, две недели подоцна – на 8 мај, заедно со парламентарните избори.
Утре се очекува, исто така, на партиска конвенција и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) да ја официјализира кандидатурата на актулениот шеф на државата, Стево Пендаровски, кој исто така најави собирање на 10 000 потписи.