Епицентарот на земјотресот бил регистриран на 32 километри северозападно од Никшиќ, на 28 километри од градот Бјелица во Босна и Херцеговина и на 80 километри оддалеченост од Мостар
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Никшиќ во Црна Гора, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Потресот, како што соопштија од ЕМСЦ, се случил во 12:40 часот и бил на длабочина од 10 километри.
#Earthquake (#zemljotres, #земљотрес) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.7 || 27 km NE of #Bileća (Bosnia & Herzegovina) || 3 min ago (local time 12:40:44). Follow the thread for the updates? pic.twitter.com/euhsect93H
— EMSC (@LastQuake) April 3, 2024
Епицентарот на земјотресот бил регистриран на 32 километри северозападно од Никшиќ, на 28 километри од градот Бјелица во Босна и Херцеговина и на 80 километри оддалеченост од Мостар.
Земјотресот, како што пренесуваат медиумите од регионот, бил почувствуван и во делови од БиХ, Хрватска и Србија.
Подрачјето на Општина Никшиќ и вчеравечер беше погодено од земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала. Ова се само неколку од низата земјотреси кои и минатиот месец ја погодија Црна Гора. Првиот од нив се случи на 14 март со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.