Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Иран во текот на ноќта со јачина од 6,1 степени по Рихтер. Иранската државна телевизија јави дека најмалку пет лица загинале, а 44 се повредени во земјотресот , чиј епицентар бил на околу 1.000 километри јужно од Техеран во провинцијата Хормозган.
По првиот потрес следувале уште неколку посилни , меѓу кои и со јачина од 6,3 степени. Како што пренесува Си-Ен-Ен дванаесет села во оваа провинција се речиси целосно уништени.
Најмногу оштетени згради и други објекти има во селото Сајех Хош, каде живеат околу 300 луѓе.
Во 1990 година, земјата беше погодена од земјотрес со јачина од 7,4 степени во северниот дел на земјата во кој загинаа повеќе од 40.000 луѓе. Во 2003 година, земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала во јужната провинција Керман остави повеќе од 31.000 мртви.