Силен земјотрес од 4,7 степени по Рихтеровата скала е регистриран во Албанија со епицентар 23 километри североисточно од Тирана.
Многу жители од Албанија, но и од западните делови на Македонија споделија искуство со земјотресот на веб страницата Европско медитеранскиот сеизмолошки центар. Според нивните сведочења, земјотресот бил силен и траел неколку секунди.
Епицентарот на земјотресот е на 130 километри југозападно од Скопје. Во Македонија најсилно се почуствувал во дебарско и во охридско-струшкиот регион, а е почувствуван како помал потрес и во повисоките катови на зградите во Скопје.
Земјотрес, но со помал интензитет имаше на истата локација и вчера, а во текот на денот пред и после силниот земјотрес регистрирани се уште десетина помали потреси. Најсилниот земјотрес кој го регистрирал Европско медитеранскиот сеизмолошки центар е вечерва во 22:37 часот.