Шверцери фрлиле две деца од Еквадор преку ѕидот висок 4,2 метри на границата меѓу САД и Мексико, објавија американските власти.
Службени лица за гранична патрола ги однеле браќата од Еквадор во болница, кои биле повредени, а сега за нив се грижат американските власти, јави Би-Би-Си.
Шефицата на патролната агенција на секторот Ел Пасо, Глорија И. Чавез, изјави дека е „зачудена од начинот на кој овие шверцери минатата ноќ злобно фрлиле невини деца преку граничната бариера“.
Американските власти сега работат со полицијата во Мексико за да ги идентификуваат луѓето кои биле видени како ги фрлаат децата.