Регионот Еврос е во пламен веќе четири дена. Неколку заедници во поширокиот регион на Еврос, во близина на границата со Турција, беа евакуирани бидејќи властите предупредија дека ризикот од нови пожари ќе остане висок во следните неколку дена
Осумнаесет јагленосани тела се откриени во регионот на Еврос, северно од Александрополис, Грција, додека во регионот гори огромен шумски пожар.
Пожарникарите, кои ги откриле телата јужно од селото Авантас, во јужниот дел на регионалната единица Еврос, велат дека тие припаѓаат на илегални мигранти кои неодамна ја преминале границата со Турција. Портпаролот на противпожарната служба Јанис Артопио потврди дека се пронајдени 18 тела и дека најверојатно станува збор за илегални имигранти.
Од противпожарната служба велат дека истражуваат дали посмртните останки се на мигранти.
„Со оглед на тоа што нема извештаи за исчезнати жители од околните области, се испитува можноста дека станува збор за луѓе кои илегално влегле во земјата“,
рече портпаролот Јанис Артопиос.
Регионот Еврос е во пламен веќе четири дена. Неколку заедници во поширокиот регион на Еврос, во близина на границата со Турција, беа евакуирани бидејќи властите предупредија дека ризикот од нови пожари ќе остане висок во следните неколку дена.
Артопиос рече дека од вчера биле испратени 112 дојави за евакуација на поширокото подрачје.
„Временските услови се екстремни и ќе останат екстремни во наредните денови“,
изјави портпаролот на пожарникарската служба Василис Вартакоџанис за ТВ ЕРТ.
Главната болница во Александрополис беше евакуирана рано изутринава, откако шумските пожари го зафатија крајбрежниот град во близина на границата со Турција. Десетици пациенти, вклучително и новородени бебиња, придружувани од лекари и медицински сестри се префрлени како мерка на претпазливост на траект закотвен на пристаништето. Пациентите закачени за боци со кислород лежеа на душеци на палубите на брод претворен во болнички одделенија. На брегот беа подигнати и шатори, информираат локални медиуми.