Тикл, трансродова жена, во 2021 година ја презела „Гигл фор грлс“ (Giggle for Girls), апликација која се рекламира како онлајн скривница каде што жените можат да ги споделат своите искуства на безбеден простор, а на мажите не им е дозволен пристап. За да добие пристап, Тикл морала да прикачи селфи за да докаже дека е жена. Сепак, седум месеци по успешното приклучување на платформата, членството ѝ било забрането
Суд во Австралија пресуди во корист на трансродова жена која тужеше апликација за дискриминација откако ѝ беше одбиен пристап затоа што е машко. Судот утврди дека Роксан Тикл не била директно дискриминирана, туку била жртва на индиректна дискриминација. Судот пресуди апликацијата да ѝ плати 10 000 австралиски долари отштета на Тикл, пишува Би-би-си.
Спорното прашање на судењето беше: што е жена? Имено, Тикл во 2021 година ја презела „Гигл фор грлс“ (Giggle for Girls), апликација која се рекламира како онлајн скривница каде што жените можат да ги споделат своите искуства на безбеден простор, а на мажите не им е дозволен пристап.
Таа морала да прикачи селфи, а седум месеци подоцна ѝ бил забранет пристап
За да добие пристап, Тикл морала да прикачи селфи за да докаже дека е жена. Сепак, седум месеци по успешното приклучување на платформата, членството ѝ било забрането. Тикл тврдеше дека има законско право да користи услуги наменети за жени и дека била дискриминирана врз основа на својот родов идентитет.
Таа ги тужеше платформата и извршната директорка Сал Гровер, барајќи отштета од 200 000 австралиски долари. Таа во својата жалба навела дека поради одлуката имала постојана вознемиреност и повремени мисли за самоубиство.
„Јавните изјави на Гровер за мене и за овој случај беа вознемирувачки, деморализирачки, срамни, исцрпувачки и болни. Ова доведе до тоа поединци да објавуваат коментари со омраза за мене на интернет и индиректно да ги охрабруваат другите да го сторат истото“,
се вели во соопштението на Тикл.
„Дискриминирана врз основа на пол, а не врз основа на родов идентитет“
Правниот тим на „Гигл“ во текот на целиот случај тврдеше дека полот е биолошки концепт. Тврдеа дека била дискриминирана врз основа на пол, а не родов идентитет. Апликацијата е дизајнирана да ги исклучи мажите, а бидејќи нејзиниот основач ја перципира Тикл како маж – таа тврди дека одбивањето пристап до апликацијата било легално.
Но, судијата Роберт Бромвич во својата одлука рече дека судската пракса постојано открива дека полот е „флуктуирачки и не нужно бинарен“, на крајот отфрлајќи го аргументот на „Гигл“. Тикл рече дека пресудата „покажува дека сите жени се заштитени од дискриминација“ и дека се надева оти случајот ќе биде „лек за трансродовите и родовите различни луѓе“.
„Борбата за правата на жените продолжува“,
напиша Гровер на социјалната мрежа Икс.
Во случајот познат како Тикл против Гигл, првпат прашањето за наводна родова дискриминација се најде пред Федералниот суд во Австралија. Тикл е родена како маж, но го променила полот и живее како жена од 2017 година. За време на сведочењето пред судот таа рече:
„До овој случај сите ме третираа како жена“.
„Ме тужи маж кој тврди дека е жена“
„Ме тужи маж кој тврди дека е жена затоа што сакал да користи простор само за жени што јас го создадов. Нема жена на светот која би морала да ме тужи за користење простор само за жени. Потребен е маж за да постои овој случај“,
напиша Гровер на Икс.
I’m being taken to federal court by a man who claims to be a woman because he wants to use a woman only space I created.
— Sall Grover (@salltweets) November 25, 2023
There isn’t a woman in the world who’d have to take me to court to use this woman only space. It takes a man for this case to exist.https://t.co/OAK26FmZq5 pic.twitter.com/A5ltwha3S5
Таа ја создаде апликацијата „Гигл фор грлс“ во 2020 година откако, како што вели, била злоставувана од мажи на социјалните мрежи додека работела во Холивуд како сценарист.
„Сакав да создадам безбеден простор само за жените. Правна фикција е дека Тикл е жена. Изводот од матичната книга на родените му е сменет од машки во женски, но тој е биолошки маж и секогаш ќе биде. Заземаме став за безбедноста на сите женски простори, но и за основните на реалноста и вистината, кои законот треба да ги одразува“,
рече таа.
Гровер претходно изјави дека ќе се жали на одлуката на судот и ќе се бори против случајот сѐ до Високиот суд на Австралија.