Се поголем број млади луѓе заболуваат од коронавирусот, покажуваат истражувањата на шпанскиот Институт за здравје „Карлос Трети“.
Повеќе од 40 отсто од новите случаи, според анализата, биле под 40 годишна возраст. Најголем дел од нив пак, биле меѓу 15-29 години.
Во април просечната старост на пациенти позитивни на Ковид-19 во Шпанија беше 60, но според најновите податоци просекот е 48 години.
Истражувањето покажало и дека повеќе од половина од заболените лица немале никакви симптоми на вирусот.
Според анализата, 37 отсто од заболените лица рекле дека не знаат каде се инфицирале, а 25 проценти дека се инфицирани дома, 12, 1 отсто во социјални институции, 11,1 отсто се заразиле на работа и 6,1 отсто се инфицирале во здравствените центри.
За борба со вирусот, Шпанијам меѓудругото, веќе има строги правила за носење маски. Во Мадрид тие се задолжителни секаде на јавни места, освен ако луѓето се надвор и можат да држат растојание.