Шпанскиот крал Фелипе VI синоќа му го даде мандатот на лидерот на Социјалистичката партија Педро Санчез за да направи обид да формира влада, иако тој се уште нема обезбедено доволна поддршка од другите партии.
Социјалистичката партија освои најмногу гласови на изборите и има 120 од вкупно 350 места во парламентот.
Санчез сега преговара со ривалските партии за евентуално да ја добие нивната поддршка.
Тој веќе има договор со левичарите од партијата Обединети која има 35 пратеници, но тоа не му е доволно за парламентарно мнозинство.
Шпанија за четири години имаше четири изборни циклуси, а ако ниту една партија не успее да формира влада, новите избори можат да се оддржат веќе следната пролет, објавуваат медиумите.
Развојот на политичката ситуација во Шпанија е важен и за нашата земја, имајќи предвид дека само оваа земја досега не го ратификува Протоколот за наше членство во НАТО. За тоа се остава простор во првите два месеци од следната година, до распуштањето на Собранието во пресрет на изборите закажани за 12 април, кое исто така треба да ја направи финалната ратификација.
На неодамнешниот брифинг во владата, беше објавен и план Б, додколку политичката криза во Шпанија продолжи.
Повеќе за овој план, прочитајте ТУКА.