Посакувам она што на Скопје му се има случено да не се случи никаде во светот, а најмалку во нашиот град. Мора да го сакаме Скопје, затоа што Скопје е нашата голема заедничка куќа, нашиот дом, Скопје е еден непокор, една љубов која сме должни како негови граѓани да ја чувствваме кон нашиот град, порача скопскиот градоначалник Петрео Шилегов на 57-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.
Тој порача дека дека природната катастрофа на овој ден пред 57 години одзеде повеќе од 1 000 животи и урна повеќе од 80 проценти од тогашниот станбен блок на главниот град, но во исто време, рече тој, оваа несреќа покажа големина на хуманоста и човечноста од 87 држави од светот и од тогашните шест социјалистички републики од Југославија.
„Скопје е симбол на една голема светска солидарност, што веројатно се нема случено во историјата на современата цивилизација. Тоа за нас претставува обврска кон тие држави и обврска кон останатиот свет и затоа секогаш кога се случуваат несреќи, градот Скопје излегува во пресрет. Обврска е и да се вратат имињата на улиците токму на тие држави кои помогнаа да се издигне градот по природната катастрофа, коишто неправедно беа одземени со некои одлуки во минатото, и најавив дека тоа ќе биде коригирано“,
истакна скопскиот градоначалник.
Тој порача дека мора да градот да е спремен за во иднина вакви несреќи да не се случуваат и рече дека верува дека во голем дел, стандардите за градба пропишани по земјотресот се почитуваат.
Според него, ширењето на градбите во Скопје нема влијане врз подземните тектонски поместувања кои се карактеристични за Скопската Котлина. Посочи дека објектите изградени по 1963 година, како што рече „барем оние фундаменталните проекти и оние што Градот ги работи“, се должни да бидат сеизмолошки испитани и одобрени.
„Верувам дека во добар дел стандардите за градба пропишани по земјотресот се почитуваат, барем оние објекти кои се легално влезени во постапка на градба може да гарантираат сигурност за да не се повтори таква катаклизма како во 1963 година“,
рече Шилегов.