На прашањето дали Кризниот штаб размислува за порестриктивни мерки против ковид-19 и воведување на карантин во Скопје, градоначалникот Петре Шилегов вели дека се работат сите сценарија што се неопходни и додава дека верува оти состојбата ќе се држи под контрола.
Според него, најважно е граѓаните да ги почитуваат мерките за лична заштита.
„Не треба да импровизираме кога е ковидот во прашање, туку да се придржуваме на препораките и барањата што ги има Комисијата за заразни болести. Единствен начин да се заштитиме е да ги почитуваме препораките, меѓу другото и за лична самозаштита, во смисла на носење на заштитна опрема. Мора да научиме да живееме со определени здравствени протоколи од влегување во супермаркети, од влегување во аптеки. Очекувам дека брзо ќе се отворат и градинките, ќе започне новата школска година ќе мора дечињата и таму да се водиме сите под поинаков режим“,
изјави Шилегов.
Во однос на користењето на јавниот градски превоз, градоначалникот вели дека постојано се апелира да се почитуваат мерките и да се носат маски.
„Автобусите на мое барање нема веќе да превезуваат непотребен број на луѓе и особено не луѓе кои нема да имаат лична заштитна опрема, едноставно нема да бидат пуштени да влезат во автобусот. Тоа може да создаде определени проблеми, свесни сме за таа категорија, меѓутоа сите мораме да бидеме свесни дека од нашето поведение зависи општата здравствената состојба. Очекувам и информациите што ги добивам од страна на ЈСП е дека за среќа луѓето кои се возат во автобуси претежно ги почитуваат мерките во однос на лична заштита“,
порача Шилегов.
