Oд СДСМ најавија дека етапно ќе ги објавувааат кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори. По вчерашната прва група, следните имиња треба да бидат објавени на почетокот или во првата половина на август, додека третата група ќе биде позната на крајот на наредниот месец
Актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов јавно се заблагодари на СДСМ, откако по вчерашната седница на Извршниот одбор на партијата, тој се најде на листата на првите 30 потврдени кандидати за градоначалници, кои ги обелодени партискиот лидер Зоран Заев. Шилегов вели дека главниот град го заслужува најдоброто.
„На седницата на Извршниот одбор на СДСМ која се одржа вчера и официјално беше потврдена мојата кандидатура за градоначалник на Скопје на претстојните избори. Упатувам огромна благодарност до мојата матична партија за довербата и поддршката. Скопје го заслужува најдоброто, продолжуваме заедно во нови победи“,
напиша Шилегов на фејсбук.
Од кандидатите кои вчера ги објави лидерот на социјалдемократите само двајца се нови, а останатите се актуелни градоначалници кои ќе се тркаат за нов мандат.
Oд СДСМ најавија дека етапно ќе ги објавувааат кандидатите. По вчерашната прва група, следните имиња треба да бидат објавени на почетокот или во првата половина на август, додека третата група ќе биде позната на крајот на наредниот месец.