Скопскиот градоначалник појаснува дека тоа би значело дека во наредните шест месеци општината нема да може да го применува решението што го предвидела во ДУП, а значи и дека е должна во тие шест месеци да ги отстрани неговите недостатоци
Мора да се почитува законот и параметрите од Генералниот урбанистички план и со нив да се усогласат деталните урбанистички планови. Тоа е нешто што треба да го сработат урбанистите, смета градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за проектот предвиден на паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“.
Во гостување на Сител, Шилегов рече дека очекува општина Центар да изработи елаборат и ако има отстапување во однос на ГУП,, според него, треба да донесе соодветен план што ќе одговара на неговите параметри. Тој појасни дека суспензија на проектот би значело дека во наредните шест месеци општина Центар нема да може да го применува решението што го предвидела во ДУП, а значи и дека е должна во тие шест месеци да ги отстрани неговите недостатоци.
„Законот предвидува како треба да постапи општина Центар ако се утврди дека има отстапување од ГУП, кој е врвен урбанистички документ во градот. Излезот е само во она што го предвидел градот за изградба на објекти на определено место, односно колку ќе бидат на број и какви по габарит, а сè друго се субјективни мислења кои не е добро да се даваат во ваква зовриена ситуација. Охрабрувам да има ред и законитост во постапките, а тоа значи дека, ако имаме отстапување на ДУП во однос на позициите што ги има ГУП, да се изработи елаборат со кој би се утврдило евентуално надминување на вредностите што ги содржи ГУП и, согласно тоа, ако постојат услови да се изрече суспензија на дел од ДУП,
истакна Шилегов.
Тој вели и дека е свесен за сериозно супстандардните услови на 2 000 граѓани кои живеат таму, а се во центарот на градот.
„Од друга страна, немаме ни право да стопираме за тие луѓе, кои во послените 50-60 години не можеле ниту да ги реновираат своите домови поради различни ограничувања што постоеле. Затоа, мислам дека целата позиција треба да се гледа со пристојно внимавање на законските прописи, без да правиме непотребна атмосфера“,
додаде скопскиот градоначалник.
