Нападот се случува една недела по терористичкиот напад на фестивалот во градот Солинген во кој 26-годишен Сириец со нож усмрти три лица
Шест лица се повредени, од кои три во критична состојба во напад со нож во автобус во градот Зиген во западниот дел на Германија. Германската полиција соопшти дека осомничената за нападот е 32-годишна жена која е германски државјанин, а во моментот на нападот во автобусот се наоѓале околу 40 лица. Нападот се случил во 19 часот и 40 минути во автобус што патувал на градски фестивал во градот Зиген, на 75 километри источно од Келн.
Drei Personen wurden lebensgefährlich, eine Person schwer und eine Person leicht verletzt. Die Polizei hat die Frau festgenommen. Zur Tatzeit hielten sich mindestens 40 weitere Fahrgäste in dem Bus auf.
— Polizei NRW DO (@polizei_nrw_do) August 30, 2024
Мотивот за нападот сè уште е непознат за полицијата, а оттаму додаваат и дека засега нема индикации дека станува збор за терористички напад. Инцидентот се случи точно една недела по терористичкиот напад со нож во градот Солинген во кој 26-годишен Сириец усмрти три лица, а повреди осум.
За тој напад одговорноста ја презеде терористичката група „Исламска држава“ по што германската влада најави дека ќе ги заостри правилата за носење ножеви во јавност со ограничување на максималната дозволена должина на сечилото.
Во јуни годинава 29-годишен полицаец во Манхајм беше избоден до смрт на десничарски митинг од 25-годишен Авганистанец кој живее во Германија од 2014 година.
Во јануари 2023 година две лица беа убиени, а петмина повредени во напад со нож во воз меѓу Кил и Хамбург, во Северна Германија од страна на Сириец.
Во напад со нож во 2021 година 27-годишен маж со арапско потекло избоде неколку патници во возот што се движеше меѓу Регенсбург и Нирнберг.
Мотивот на злосторството засега е непознат. Полицијата соопшти дека нема индикации за терористички напад.
Инцидентот се случи точно една недела по нападот со нож во западниот германски град Солинген, каде што беа убиени три, а повреди осум лица.