Земавме обврска да не ги трошиме парите на палати и на споменици, да не ги вложиме сите во еден квадратен метар во центарот на Скопје, туку да одат таму каде што се најпотребни, кај граѓаните и кај општините бидејќи во општините е животот, рече доскорешната заменик-претседателка на СДСМ
Како Влада и во изминатите години земавме една обврска да не ги трошиме парите на палати и на споменици, да не ги вложиме сите во еден квадратен метар во центарот на Скопје. Наместо тоа, решивме парите да одат таму каде што се најпотребни, кај граѓаните и кај општините бидејќи во општините е животот, рече доскорешната заменик-претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска, на митинг во Ресен.
„Успеаваме со политика која претходно сите ја критикуваа, за три и пол години минималната и просечната плата да ги покачиме за шест илјади денари, три пати повеќе отколку што растеле во минатото. Успеавме со тие политики да создадеме и нови работни места, но и да покаж аме дека платите мора да продолжат да растат.И затоа излегуваме пред вас и бараме поддршка за да продолжиме со таа политика, парите да одат кај граѓаните, парите да доаѓаат во општините, парите да се вложуваат во инфраструктура“,
рече Шекеринска.

Таа се осврна и на коалицијата со која СДСМ настапува на овие избори, оцнувајќи дека таа наликува на, како што рече, целиот регион и покажува „колку сакаме да работиме со различни луѓе, да говориме и на различни јазици, ама секогаш да наоѓаме сила да најдеме решение“.
„И затоа на овие избори излегуваме со коалиција која е најширока, најразлична, најбогата, луѓе кои произлегуваат од различни искуства и општини, од 17 различни партии, но кои навистина се обединети со една цел:„Да го понудат најдоброто што го имаат на својата општина, на своите соседи, на своите сограѓани и на својата држава“,
рече Шекеринска.