Предвремените парламентарни избори во земјава ќе ги следат новинарски екипи од петнаесетина странски медиумски куќи.
За изборите од терен ќе известуваат 57 странски новинари, кои добија акредитации од Државната изборна комисија.
Најмногубројна екипа од 18 новинари испраќа Ал Џезира Балкан, а свои тимови или новинари ќе имаат и Ројтерс, Франс прес, Гласот на Америка, Асошиејтед прес, грчката национална телевизија ЕРТ, новинската агенција АНА-МПА, Њуз 24/7, германската АРД, Европската прес-агенција – ЕПА, Турската радио-телевизија, агенцијата Анадолија, Еуро њуз Албанија, Радио-телевизија Косово, Би-би-си Србија и Ал Џезира на англиски јазик.
Повеќе странски медиуми ќе известуваат за изборите преку свои дописници во земјава.