Тој настрадал додека пеш се движел по булеварот „Маршал Тито“ во градот. Во него удрил автомобил зад чиј волан бил 25-годишен жител на тетовско Камењане
Шеесет и едногодишен жител на Теарце го загубил животот во сообраќајна несреќа што денеска околу пладне се случила на вториот кружен тек на влезот во Тетово.
Според информациите од СВР Тетово, 61-годишникот настрадал додека пеш се движел по булеварот „Маршал Тито“. Во него удрил автомобил марка „фолксваген голф“ зад чиј волан бил 25-годишен жител на тетовско Камењане.
„Во 12:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило ‘фолксваген голф’ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ф.А.(25) од тетовско Камењане, удрило во пешак Р.Р. (61) од Теарце, кој од здобиените повреди починал на местото. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“,
информира СВР Тетово, пренесува МИА.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на тетовската полиција и јавен обвинител, по чија наредба телото на жртвата е дадено на обдукција.