Според министерот за образование, не е во ред кога некој во јавноста сака да стане популарен и да блокира 500 наставници
На ова, своја реакција испрати и Синдикатот на ДИЦ. Му порачаа на Шаќири дека сериозен политичар не смее да си дозволи да ја исмева борбата на вработените за достоинствена плата за егзистенција, нарекувајќи ја, како што велат, желба за популарност
Од следната година ќе има можност за зголемување на платите во Државниот испитен центар (ДИЦ), рече министерот за образование Јетон Шаќири во гостувањето на ТВ 24 во однос на штрајкот на оваа институција.
Посочи и дека не е во ред кога некој во јавноста сака да стане популарен и да блокира 500 наставници.
На ова, своја реакција испрати и Синдикатот на ДИЦ. Му порачаа на Шаќири дека сериозен политичар не смее да си дозволи да ја исмева борбата на вработените за достоинствена плата за егзистенција , нарекувајќи ја, како што велат, желба за популарност.

„Точно е дека седум месеци се дискутира со Државниот испитен центар, но точно е и тоа дека имаме нов општ колективен договор, имаме нови одлуки од страната на Министерството за финансии и имаме забелешки од Меѓународниот монетарен фонд како начин на покачување на плати. Мислам дека со месец јануари, со постапките или новиот Закон за извршување на Буџет, директорката на ДИЦ ќе има простор на тие што работат и тие што се вклучени или на сите вработени да им се понуди повисоки плати од постоечките плати што ги имаат во овој период“,
посочи Шаќири.
Смета дека како министер го поддржал начинот на кој ДИЦ барал да се почне со покачување од декември, но согласно новото упатство, без согласност на Министерството за финансии не може да се потпише колективен директно меѓу директорката на ДИЦ и Синдикатот на ДИЦ.
На ова своја реакција испрати и Синдикатот на ДИЦ, од каде што му порачаа на Шаќири дека сериозен политичар не смее да си дозволи да ја исмева борбата на вработените за достоинствена плата за егзистенција, нарекувајќи ја, како што велат, желба за популарност.
„Вие и Вашиот колега од Министерството за финансии би требало сериозно да си ја сфатите функцијата и да не ја доведувате во заблуда јавноста дека ќе го решите проблемот на почетокот на следната година. Имено, се повикувате на непостоечка уредба со која би добиле додаток на плата – не бараме додатоци, туку бараме достоинствена плата како што ја имате и Вие и на општ колективен договор кој би важел од јули 2025 година. Објаснете ѝ на јавноста за какво решение зборувате кога се повикувате во моментов на непостоечки документи?“,
прашуваат вработените во ДИЦ.
Оттаму го повикуваат Шаќири да го решат проблемот веднаш, без одлагање од седум месеци.
„На крајот бидете и Вие општествено одговорни, па откажете се од Вашата плата во интерес на образовниот процес и вработените на ДИЦ, затоа што нашите барања за покачување за сите вработени во ДИЦ се околу една министерска плата!“
додаваат од ДИЦ.
