Најбезбедна земја од поранешните југословенски републики е Словенија и се наоѓа на осмото место, Хрватска е на 14. место, Црна Гора на 45., Босна и Херцеговина 61., а Србија 65. место. Од другите држави во регионот, Бугарија е рангирана на 30. позиција, Албанија на 40., а Грција на 60.
Република Северна Македонија се наоѓа на 38. место во светот според Глобалниот индекс на мирот (GPI) за 2023 година што го изработува меѓународниот Институт за економија и мир.
Најбезбедна земја е Исланд, а најнебезбедна Авганистан.
Најбезбедна земја од поранешните југословенски републики е Словенија и се наоѓа на осмото место, Хрватска е на 14. место, Црна Гора на 45., Босна и Херцеговина 61., а Србија 65. место. Од другите држави во регионот, Бугарија е рангирана на 30. позиција, Албанија на 40., а Грција на 60.
САД се на 131. место, Украина на 157., Русија на 158. место.
На врвот на Глобалниот индекс на мирот веќе 15 години е Исланд како најбезбедна земја во светот. Меѓу првите пет се и Данска, Ирска, Нов Зеланд и Австрија.
Најлошо рангирани и најнебезбедни земји во светот се ДР Конго, Јужен Судан, Сирија, Јемен и Авганистан.
Институтот за економија и мир го изработува Глобалниот индекс според повеќе критериуми, од ниво на насилство, криминал и корупција, до тероризам и меѓународни конфликти.
Извештајот се базира и на податоци за трендовите во економијата и мирниот развој на земјите во светот.
„Европа останува најмирниот регион во светот и е дом на седум од десетте најмирни земји. Сепак, мирот во Европа се во текот на изминатата година. Од 36-те земји во регионот, 12 имале подобрувања во мир и 23 имале влошување и тоа е поради низа фактори, а еден од нив е и влијанието на војната во Украина која продолжила силно да се чувствува низ целиот регион“,
се вели во соопштението во Глобалниот индекс на мирот.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска на почетокот на годинава се осврна на позицијата на Северна Македонија во однос на безбедносните предизвици на континентот и укажа на придобивките за земјата од членството во Алијансата во која 30 земји се обединети и здружени во гарантирањето на безбедноста на секоја педа сојузничка територија.
„Многупати во периодот по 24 февруари 2022 година го добивав истото прашање – дали Северна Македонија е безбедна? Одговорот, без сомнеж, јасно и гласно кажан е – ДА. Нашата татковина и денеска заедно со прогресивните земји, здружени од современите вредности и идеали, ја гарантира сопствената безбедност и дава свој придонес кон колективната безбедност во НАТО“,
рече министерката.
Во однос на развојот на одбраната и Армијата, Петровска истакна дека за да имаме силна Армија вложуваме во опремување и модернизација, но не смееме да го заборавиме човечкиот капацитет и во тој контекст ги образложи измените во Законот за служба во Армијата минатата година кои донесоа сет на бенефити за армиските припадници, како и законското решение за вработените во одбраната кое е во финална фаза на изработка.