За лансирањето на ракетата информираше јужнокорејската војска, без да наведе дополнителни детали. Американски бомбардери на нуклеарен погон и напредни стелт авиони во вторникот прелетаа во близина на Корејскиот полуостров во рамките на заедничката вежба со јужнокорејската армија, кои Пјонјанг ги толкува како обид за инвазија
Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета кон нејзиниот источен брег декември, соопшти нејзиниот јужен сосед, пренесуваат агенциите. Потегот на Пјонгјанг доаѓа неколку дена откако американски и јужнокорејски воени авиони имаа заеднички вежби кои Северна Кореја ги оцени како обид за инвазија.
Генералштабот на војската на Јужна Кореја соопшти дека лансирањето се случило денеска без да наведе дополнителни детали, како што се типот на оружјето и дострелот.
Американски бомбардери на нуклеарен погон и напредни стелт авиони во вторникот прелетаа во близина на Корејскиот полуостров во рамките на заедничката вежба со јужнокорејската армија.
Министерството за одбрана на Јужна Кореја претходно соопшти дека вежбите се дел од билатералниот договор со САД за одбрана на азискиот сојузник со сите расположливи воени капацитети.
Вежбата на американската и јужнокорејската војска доаѓа откако Северна Кореја неодамна тврдеше дека извршила клучни тестови потребни за да го развие својот прв воен шпионски сателит и ново стратешко оружје. Сепак, референците се дека најверојатно станува збор за помобилна интерконтинентална балистичка ракета.
Северна Кореја соопшти дека во неделата лансирала неколку ракети за тестирање на камери и други системи за развој на нејзиниот прв воен извидувачки сателит.
Нејзините државни медиуми објавија фотографии со ниска резолуција од јужнокорејските градови видени од вселената.
Цивилни експерти од Јужна Кореја рекоа дека фотографиите се премногу „груби“ за набљудувачки цели и дека лансирањата најверојатно се параван за тестирање на ракетната технологија на Северна Кореја.
Војската на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја истрелала две балистички ракети со среден дострел.
Ваквите оценки го налутија официјален Пјонгјанг, а моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун упати жестоки навреди на сметка на неименувани јужнокорејски експерти.
Ким Јо Џонг рече дека нема причина да се користи скапа камера со висока резолуција за тестирање на една слика и дека севернокорејската вселенска агенција користела две стари ракети како вселенски лансери.
Северна Кореја тестираше голем број ракети оваа година, вклучително и балистичко оружје способно да носи нуклеарна боева глава, дизајнирано да го погоди копното на САД и нивните сојузници Јужна Кореја и Јапонија.
Северна Кореја соопшти дека била принудена да ги изврши тестирањата како одговор на претходните воени вежби на САД и Јужна Кореја.