Најмалку 50 луѓе најверојатно се мртви по разорното торнадо што го зафати југозападниот дел на американската сојузна држава Кентаки, соопшти гувернерот Енди Бешир.
„Сметаме дека бројот на загинати ќе надмине над 50 жители, веројатно ќе има од 70 до 100 изгубени животи“, рече Бешир.
Прелиминарните истраги покажуваат дека четири торнада можеби ја погодиле државата, вклучително и едно што потенцијално останало на земја повеќе од 200 милји, рече Бешир. Пријавени се штети во најмалку 15 окрузи кои се протегаат низ западниот дел на Кентаки.
Силно невреме, проследено со серија торнада, доцна синоќа погоди пет држави во централниот дел на САД, предизвикувајќи големи штети.
Освен во Кентаки, торнада се регистрирани во Арканзас, Мисури, Тенеси и Илиноис, се наведува во соопштението на Центарот за предвидување бури на Националната управа за океани и атмосфера.
Над 55 милиони лица ширум САД вчера се најдоа во опасност од невремето, а најмалку 157.000 домаќинства останаа без струја.