Мажи, жени и деца, облечени во зимска облека се засолнети во метро станиците додека во Киев во моментов температурата е минус 5 степени Целзиусови
Украински градови попладнево се погодени со серија руски гранатирања, а според украинските власти, засега има информации дека загинале најмалку две лица во регионот на Запорожје.
Нападите следуваат откако од Русија стигнаа извештаи за смртоносни експлозии на руски аеродром кај градот Рјазан, југоисточно од Москва, во која загинаа три лица.
Украинските служби соопштија дека од руските гранатирања погодена е енергетската инфраструктура и предизвикан е прекин на електрична енергија.
Претпријатието задолжено за водоснабдувањето во Одеса соопшти дека сите пумпни станици и резервни линии се исклучени од струја и во градските квартови нема водоснабдување.
И од градот Кривји Рих, кој е најголем во централна Украина, властите најавија дека можни се големи прекини и ги повикаа граѓаните да ги наполнат своите телефони и да складираат вода.
Во главниот град Киев, како што јавува Би-би-си, луѓето се кријат во подземното метро за да се засолат и заштита од руските напади. Мажи, жени и деца, облечени во зимска облека се засолнети во метро станиците додека во Киев во моментов температурата е минус 5 степени Целзиусови.
Низ градот се огласуваат сирените за воздушен напад, а од кабинетот на претседателот Володимир Зеленски побараа граѓаните да не ги интонираат алармите.
Фотоархива / EPA-EFE/ANDRII NESTERENKO