Според него, треба да се почитува демографската реалност во Македонија, но и, како што рече, право да состави влада има мандатарот и победникот на изборите, а додаде и дека народот гласал „Европскиот фронт“ да преземе одговорност и да биде власт. Затоа, како што рече, погрешна е дефиницијата за коалицирање победник со победник, туку според него, треба да е мандатар со победник
Дека се работи за изборен инженеринг, тоа е повеќе од јасно. Ако се види во кои изборни места се поднесени жалби и каде се повторува, повеќе од јасно е дека се направи изборен инженеринг и закрупнување на македонските политички сили, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно со „Вреди“ ги повторуваат изборите во изборното место во родното место на Билал Касами, како и во изборното место каде што „Вреди“ има победено со 3 на 1 наспроти „Европски фронт“ и нема никаков доказ за повторување на гласањето во тоа изборно место.
Ова вечерва го изјави лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на ТВ 24, посочувајќи дека со приговорите до Државната изборна комисија се прави изборен инженеринг од страна на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и коалицијата „Вреди“ за да се намали бројот на пратеници на коалицијата „Европски фронт“, предоводена од ДУИ, во која учествува и крилото на Алијанса за Албанците која тој ја предоводи.
На прашањето како коалицијата „Европски фронт“ ќе се однесува како идна опозиција, Села рече дека тоа е желба на Христијан Мицкоски, но дека тоа не го кажуваат кажуваат политичките чинители, туку, според него, тоа го кажува народот кој гласал.
„Кога се соочуваш со волја на народ, не е твое да одлучуваш дали ќе одиш во опозиција или на власт. Твое е да го браниш она што гласачот го одлучил“,
рече Села.
Според него, треба да се почитува демографската реалност во Македонија, но и, како што рече, право да состави влада има мандатарот и победникот на изборите, а додаде и дека народот гласал „Европскиот фронт“ да преземе одговорност и да биде власт. Затоа, како што рече, погрешна е дефиницијата за коалицирање победник со победник, туку, според него, треба да е мандатар со победник.
„Погрешна е дефиницијата победник со победник и нема логика, бидејќи победникот од македонската страна е дефиниран со Устав и со закон, добива мандат. Дефиницијата треба да биде мандатар со победник и да преговараат за да состават Влада, за да се испочитува демографската реалност. За да има стабилност и да одиме напред, треба да се испочитува волјата на втората по ред етничка заедница во државава, која не е мала, туку е 30 отсто наспроти 54 отсто колку што се Македонците, според последниот попис на населението“,
рече тој.
Како што посочи Села, за ова треба да се изјасни и техничката влада, која, според него, е назначена да се одржат фер и демократски избори.
Според него, ништо не е спорно уставните измени да се случат, па потоа да се формира владата.
„Бројки можат да се обезбедат, па потоа може да се формира влада“,
вели Села.
За тоа дали може да се отстрани формулацијата 20 отсто од граѓаните кои го зборуваат албанскиот јазик доколку се отвори Уставот, Села рече дека кога веќе Уставот се отвора, тоа прашање треба да се реши.
„Исто е како кога вие се чувствувате загрозени ако некој од надвор ви наметнува како треба да се формулира македонскиот јазик“,
рече тој.
За претседателката Гордана Сиљановска-Давкова рече дека го почнала мандатот со „дипломатски инцидент“, за што посочи дека не е добро за државата, зашто повторно се отвораат проблеми со соседите наместо да се напредува кон ЕУ.