Според Села, идејата за ваква коалиција датира уште од локалните избори во 2017 година, односно пред Алтернатива да се оддели од Беса
Алијанса за Албанците ќе испрати писмена понуда за коалицирање на парламентарните избори до опозициската Беса и владејачката Алтернатива. Ова го најави лидерот на Алијансата за Албанците Зиајдин Села, по вечерашната седница на Централното претседателтво на оваа партија, која еден период беше дел од владата на СДСМ, а потоа замина во опозиција.
Села истакна дека оваа понуда е, всушност, резултат на стар договор.
„Ова е размислување што датира од вториот круг на локалните избори, кога пруживме рака и се договоривме дека, кога и да има нови избори, влегуваме заедно во коалиција со таа политичка партија со која тогаш коалициравме, а за жал сега е поделна на две партии. За нас дадениот збор е важен поради конзинстентност и сериозност и пред граѓаните, Да донесеме демократија Албанците во Северна Македонија , бидејќи тоа ни недостига веќе 18 години, со оглед на тоа што живееме во политички монизам“,
изјави Села.
Алијансата за Албанците, како што рече Села, ќе чека 48 часа на одговор на писмената понуда до Беса и Алтернатива.