Според истражувањето, најмногу се гласа по етничка линија, иако има исклучоци, што се многу ретки и се однесуваат само на одредени политички опции. Од партиите на Македонците, само две имаат гласачко тело меѓу граѓаните Албанци и припадниците на други етнички заедници. Македонците, како што покажуваат резултатите од истражувањето, не гласаат за партиите на Албанците
Секој седми граѓанин на Северна Македонија е член на политичка партија. Со тоа, земјата е меѓу оние со најбројни членства во политички партии во Европа. Дури третина од граѓаните на последната изборна кампања во 2024 година учествувале на некој собир, митинг или јавен настан организиран од одредена политичка партија.
Ова го покажуваат резултатите од компаративното истражување на изборните ситеми (КИИС), спроведено до Институтот за социолошки и политичко-правни истажувања при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје (ИСППИ-УКИМ) во соработка со Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје и Програмата за поддршка на изборите во Северна Македонија (ИФЕС).
Доцентот Јован Близнаковски од Институтот за социлошки и политичко-правни истражувања при УКИМ Скопје вели дека истражувањето покажува оти граѓаните се често инволвирани во партиски активности, односно дека голем дел од нив се дел од активности на месечно ниво.
„Жените и младите се помалку вклучени во политичките процеси, а врз основа на истражувањето, младите на возраст од 18 до 24 години се помалку заинтересирани за партиско инволвирање“,
вели тој.
Според истражувањето, најмногу се гласа по етничка линија, иако има исклучоци, што се многу ретки и се однесуваат само на одредени политички опции. Од партиите на Македонците, само две имаат гласачко тело меѓу граѓаните Албанци и припадниците на други етнички заедници. Македонците, како што покажуваат резултатите од истражувањето, не гласаат за партиите на Албанците.
Истражувањето покажува и дека гласачкото тело во голема меера било незадовлно од работата на претходната влада од 2020 до 2024 година. Но, незадоволството е различно по етничка линија.
„Така, кај етничките Македонци незадоволството е значително поголемо отколку што тоа е случај кај етничките Албанци. Тука може да се гледа на целиот исход од изборите минатата година како некоја казна за претходната влада. Што може да очекува е тешко да се каже. Ќе треба да почекаме и да видиме како оваа влада ќе се однесува и како гласачкото тело понатаму ќе реагира“,
рече Близнаковски.
Професорката Анета Цекиќ рече дека на прашањето кога ја носат одлуката за кого ќе гласаат, мнозинството граѓани ја знаат пред изборите (59,09 отсто), но речиси 40 отсто тоа го прават за време на кампањата (32, 8 отсто) или на денот на изборите (6,8 отсто).
Истражувањето е направено од 25 октомври до 4 декември 2024 година, а реализирани се вкупно 1056 анкети, на кои стапката на одговор е 56,2 отсто.