Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека досега се обезбедени 88 единици конвалесцентна плазма, од вкупно 53 дарители
Околу 70 пациенти со ковид-19 се третирани досега со крвна плазма од дарител излекуван од вирусот.
Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека досега се обезбедени 88 единици конвалесцентна плазма, од вкупно 53 дарители. Во моментов установата располага со 16 единици конвалесцентна плазма, ако се јави потреба за третман на пациент.
„Секојдневно расте бројот на пријавени донори на конвалесцентна плазма од лица кои се излечени од коронавирус. Нивниот висок алтруизам е да помогнат на пациенти со изразена клиничка слика на ковид-19. Апелирам до сите излекувани пациенти да даруваат крвна плазма за да им помогнат на пациентите кои во моментов се борат со вирусот“,
вели директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Седула Усеини.
Само излекувани пациенти од коронавирусот можат да даруваат крвна плазма. Тие може да се пријават преку електронски формулар на веб-страницата на Институтот за трансфузиона медицина.
