Директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, доктор Ариф Љатифи, денеска информираше дека за 24 часа има регистрирано седум позитивни пациенти од коронавирус.
*Поврзана вест: Нови 29 случаи на коронавирус, МЗ информира за уште петмина починати
Тој додаде дека се извршени над 70 тестирања во кумановската болница, дополнителни 20 според „Мој термин“ и уште 20 според епидемиолошки индикации.
„Веќе имаме детектирано неколку жаришта, интензивно работиме на нив“,
вели Љатифи.