Оддалечувањето на лицата го пријавиле сопствениците на фирмите каде што тие работеле

Седум Непалци, кои работеле во приватни фирми во Скопје, пред два дена биле пријавени дека се оддалечиле од местата каде што биле сместени, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Оддалечувањето на лицата го пријавиле сопствениците на фирмите каде што тие работеле.
Првите пет лица биле пријавени дека се оддалечиле во вторникот во 14 часот.
„На 18.06.2024 во 14 часот во СВР Скопје, М. Н. (41) од Скопје, сопственик на правен субјект од Скопје, пријавил дека пет лица од Непал, кои биле вработени кај него, се оддалечиле од подрачјето на општина Аеродром во Скопје“,
се вели во полицискиот билтен.
Другите две лица, пак, биле пријавени исто така во вторникот, но скоро два часа подоцна.
„На 18.06.2024 во 15:45 часот во СВР Скопје, Љ. Џ. (36) од Скопје, овластено лице на приватна фирма, пријавил дека две лица од Непал, кои биле вработени во фирмата, се оддалечиле од хотелот каде престојувале“,
се додава во дневниот полициски извештај.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.