Опозициските партии одбиваат да гласаат за кандидатката на Движењето Самоопределување и бараат нов предлог-кандидат за претседател на парламентот, што партијата одбива да го стори
Седми неуспешен обид за конституирање на парламентот на Косово. Кандидатката за претседателка на косовскиот законодавен дом од Движењето Самоопределување, Албулена Хаџиу, повторно не успеа да добие доволен број гласови од пратенциите. Продолжението на седницата е закажано на 29 арпил.

Конститутивната седница на косовскиот парламент започна на 15 април, а според Деловникот, треба да заврши со избор на претседател и потпретседател, за што се потребни 61 глас од вкупно 120 пратеници. Опозициските партии одбиваат да гласаат за кандидатката на Движењето Самоопределување и бараат нов предлог-кандидат за претседател на парламентот, што партијата одбива да го стори.
Од парламентарните избори во Косово поминаа речиси три месеци, но процесот на формирање на институциите е блокиран поради несогласувањата меѓу најголемите парламентарни партии.