Комисијата за заразни болести ѝ предлага на Владата карантинот за време на продолжениот викенд да трае од 19 часот в сабота до 5 часот во вторник, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Тој рече дека овој предлог е утврден на денешната седница на Комисијата за заразни болести, за што конечната одлука треба да ја донесе Владата.
„Проценките се дека најголем процент од новите случаи на ковид-19 во изминатите денови се од приватни и семејни собири. Поради непочитувањето на мерките, проценките се дека само вакви ригорозни чекори може да дадат ефект. За сите други рестрикции, како што е отворањето на угостителските објекти или укинување на полицискиот час, Владата ќе одлучува следната седмица“,
рече Филипче.