Статистиката само од оваа недела покажува дека полицијата секојдневно казнува за исти прекршоци, а бројот на оние кои се казнети е речиси константен
На територијата на град Скопје вчера полицијата напишала 186 казни, од кои нaјмногу се за непочитување на брзина на движење – 68, за возење без дозвола 14, и 43 за паркирање на недозволени места.
Од останатите прекршоци кои се регистрирани само вчера во главниот град, три се за некористење на сигурносен појас, шест се за користење мобилен телефон, три санкции за управување под дејство на алкохол, две за минување на „црвено“.
Ако се види билтенот на МВР што секојднвно се објавува на веб – страницата, може да се забележи дека бројката на казни за вакви прекршоци е речиси константна. Завчера биле казнети 160 возачи од кои поввторно најмногу за пребрзо возење (21), осум за возење без возачка дозвола, три за некористење сигурносен појас, осум за управување под дејство на алкохол…
Ден пред тоа, повторно 165 санкционирани возачи во Скопје, од кои 25 за брзо возење, 12 без возачка, седум за минување на црвено и 45 за непрописно паркирани возила.