Во спасувањето на патниците од запалениот авион се придружија и случајни минувачи. Видеоснимки од местото на несреќата покажуваат како спасувачките екипи се обидуваат да ја отворат шофершајбната на леталото, додека неколку лица успеваат да излезат од него
Како што пренесуваат американските медиуми, авионот го изгубил контактот со контролата на летот пред да се сруши на автопатот, при што удрил во возило што се движело по патот
Едно лице загина, а петмина се повредени откако мал млазен авион се урна на автопат во градот Ларедо, во американската сојузна држава Тексас, пренесува Си-ен-ен.
Несреќата се случи на автопатот „Луп 20“, при што сообраќајот е целосно блокиран во двата правци, а остатоци од авионот се расфрлени по коловозните ленти.

При падот, авионот удри и во автомобил што возел по автопатот. Не е познато дали некој од возилото е повреден.
Со повреди за време на интервенцијата се здобија петмина полицајци поради што се хоспитализирани.
Во спасувањето на патниците од запалениот авион се придружија и случајни минувачи. Видеоснимки од местото на несреќата покажуваат како спасувачките екипи се обидуваат да го отворат предното стакло на леталото, додека неколку лица успеваат да излезат од него.
Авионот полетал од Сан Хозе дел Кабо, Мексико, во 18:18 часот по локално време и требало да слета во Остин, Тексас.
Според податоците на „Флајт радар 24“, авионот е пренасочен кон Ларедо, град на границата меѓу САД и Мексико,
🔴USA 🇺🇲| #Crash d'un Cessna 680 Citation Latitude immatriculé N523QS lors de son approche de l'aéroport de #Laredo, Texas, en provenance de l'aéroport de #LosCabos. L'avion s'est écrasé sur l'autoroute Loop 20 à Laredo. Les occupants ont été secourus et transportés à l'hôpital. pic.twitter.com/GXdFOC3qqJ
— Nanana365 (@nanana365media) June 17, 2026
Како што пренесуваат американските медиуми, авионот го изгубил контактот со контролата на летот пред да се сруши на автопатот, при што удрил во возило што се движело по патот.
Станува збор за бизнис-авион управуван од компанијата „Нет џетс“.
Директорот на Меѓународниот аеродром Ларедо, Гилберто Санчез, изјавил дека авионот претрпел механички дефект пред падот.
На местото на несреќата се ангажирани федерални истражни служби, меѓу кои Националниот одбор за безбедност на транспортот (НТСБ), Федералната администрација за воздухопловство (ФАА) и Федералното биро за истраги (ФБИ), кои ја утврдуваат причината за несреќата.
