Во моментот кога хеликоптерот го имал последниот контакт со контролната кула, леталото влегло во бура во близина на Фоџа
Хеликоптер со седуммина патници, двајца членови на екипажот и петмина туристи, се урна во регионот на Пуља, Италија. Посмртните останки се пронајдени помеѓу Априцена и Торе Милето.
Цело семејство туристи од Словенија го загубија животот во хеликоптерска несреќа кај Фоџа, објавија италијанските медиуми. Загинале и италијанскиот лекар кој се враќал дома по смена на островите Тремити, како и двајца пилоти.
Италијанската агенција за воздухопловна безбедност започна истрага и испрати тим истражители на местото на падот на хеликоптерот А-109.
Тие потврдија дека нема преживеани и дека хеликоптерот е целосно уништен. Во моментот кога хеликоптерот го имал последниот контакт со контролната кула, леталото влегло во бура во близина на Фоџа.
По летните денови, многу делови од Италија беа погодени од лошо време, дожд и силен ветер додека на Алпите паѓаше снег.