Со градежна механизација утринава се урива хотел што се наоѓа на брегот на Охридското Езеро. Хотелот се наоѓа на стариот пат Охрид-Струга изграден на приватно земјиште, но без дозвола од општината.
Уривањето на бесправно изградените објекти се одвива согласно Планот за управување со Охридскиот Регион, како барање на Реактивната мисија на УНЕСКО, со цел зачувување на статусот на светско природно и културно наследство.
Претходниот период се отстрануваа повеќе објекти и конструкции покрај охридското крајбрежје.