Меѓу производите за кои 100-процентно се укинуваат царините за увоз се алкохоли, сапуни, детергенти, маски, ракавици
Се укинуваат царините за 13 медицински производи кои се увезуваат како потрошен материјал како што се средства за дезинфекција, маски и ракавици, заштитни очила и медицинска опрема, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектери на прес-конференцијата.
На оваа листа се наоѓаат: етил алкохол од 80% алкохол, етил алкохол и други алкохоли, сапуни за тоалетна употреба и други сапуни и други производи и препарати за миење на кожа во форма на течност или крем за продажба на мало, препарати приготвени за продажба на мало со или без содржина на сапун, детергенти и препарати за перење и чистење, пластична облека и прибор за облека, текстилни драпери кои се употребуваат при хируршки процедури, маски пластични со текстилен филтер и очила со стакла од пластика.
Оваа мерка ќе важи до завршување на вонредната состојба. Исто така, дополнително на ова за замрзнување на цените на средствата за дезинфекција. Владата ја дополни и одлуката за замрзнување на цените за потрошен материјал и медицинска опрема и апарати, на цена од 19 март кога СЗО прогласи епидемија.
„Целта на овие мерки е да се вратат цените на маските и ракавиците и опремата кои пораснаа по неколку пати поради зголемена побарувачка. Одлуката ќе важи до 30 април“,
рече Бектеши.
*Поврзана вест: (ВИДЕО) Истражување: зошто ги нема, а и ако ги најдете се поскапи – маските, средствата за дезинфекција, ракавиците