Железничката комисија за истрага на вонредни настани спроведува истрага, со цел со сигурност да се утврди кој е одговорен
Четири лица се повредени во судир на патнички и товарен воз во Србија. Српското Министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура соопшти дека патнички воз што сообраќал меѓу Ратково и Оџак во 18:47 часот налетал на задниот дел на товарен воз.
„Четири лица се повредени, а машиновозачот има повредено рамото. И патничкиот и товарниот воз се движеле од Нови Сад кон Богојево, а до несреќата дошло кога патничкиот воз го престигнал товарниот воз и удрил во последниот вагон на товарниот воз“,
се наведува во официјалното соопштение.
Нова.рс пишува дека првите информации од терен укажуваат дека причина за несреќата е човечки фактор.
Железничката комисија за истрага на вонредни настани спроведува истрага, со цел со сигурност да се утврди кој е одговорен. Покрај нив, на местото на несреќата пристигнале и полициски и возила на брзата помош.