По ударот, како што велат очевидци на несреќата, настанала паника меѓу патниците, кои се обидувале да излезат од трамвајот, кршејќи ги прозорците и удирајќи по вратите. Според нив, трамвајот се движел нормално, но одеднаш се слушнал силен звук на гребење по шините и калдрмата
Според првичните информации на Градското сообраќајно претпријатие (ГПС) во Белград, една од можните причини за несреќата е човечки фактор, односно несоодветна брзина при минување низ раскрсницата, но се проверува и состојбата на шинскиот премин
Вкупно 15 лица се повредени во сообраќајната несреќа што утрово се случи во белградската населба Дорќол, кога трамвај излета од шините и удри во зграда, соопшти Првото основно обвинителство во Белград, пренесуваат српските медиуми.
Меѓу повредените има и две деца, кои се пренесени во Детската клиника, а повреден е и возачот на трамвајот.
Со повреди се здобиле и две жени кои во моментот на несреќата се наоѓале во приземјето на зградата во која удрил трамвајот.

Според очевидци на несреќата, по ударот настанала паника меѓу патниците што се обидувале да излезат од трамвајот, кршејќи ги прозорците и удирајќи по вратите.
Како што велат, трамвајот се движел нормално, но одеднаш се слушнал силен звук на гребење по шините и калдрмата.
„Се слушна силен тресок, како земјотрес. Настана општа паника. Луѓето почнаа да скокаат низ прозорците“,
изјавија очевидци за српските медиуми.
Една жена која која се наоѓала во зградата во која удри трамвајот рече дека се почувствувало силно тресење.
„Се тресеше како зградата да се урива. Имаше и силни извици. Веднаш знаевме дека нешто страшно се случило“,
кажа таа.
На местото на несреќата интервенираа пет екипи на Итната медицинска помош, а повредените се извлекувани од трамвајот на носилки.
Според првичните информации на Градското сообраќајно претпријатие (ГПС) во Белград, една од можните причини за несреќата е човечки фактор, односно несоодветна брзина при минување низ раскрсницата, но се проверува и состојбата на шинскиот премин.
Несреќата се случи утрово околу 9:30 часот на раскрсницата меѓу улиците „Цар Душан“ и „Книќанинова“ во белградската населба Дорќол, кога трамвај со број 5 излета од шините и удри во зграда.
Ова, како што пренесуваат српските медиуми, е втор сличен инцидент на истата локација во последните пет години.
