Како што пренесуваат српските медиуми, предниот дел од возилото, вклучително и кабината на возачот, завршил во излогот од зградата. Возачката кабина на трамвајот е целосно уништена, прозорците се искршени, а дел од седишта се искорнати
Според здравствените власти, повредени се 11 возрасни лица, од кои двајца мажи на возраст од 20 и 60 години се со тешки телесни повреди. Сите повредени се пренесени во Ургентниот центар во Белград. Покрај нив, со повреди се здобиле и две деца, на возраст од две и 16 години, кои се префрлени во Универзитетската детска клиника
Најмалку 11 лица се повредени откако утрово трамвај што сообраќа во белградската населба Дорќол излета од шини и удри во зграда, информира српски „Н1“.

Според првичните информации, трамвајот се движел по улицата „Цар Душан“, кога од засега непознати причини излетал од шините и удрил во зграда што се наоѓа на аголот со улуцата „Книќанинова“.
Како што пренесуваат српските медиуми, предниот дел од возилото, вклучително и кабината на возачот, завршил во излогот од зградата.
Возачката кабина на трамвајот е целосно уништена, прозорците се искршени, а дел од седишта се искорнати.
Сообраќајната несреќа се случи на аголот од улиците „Цар Душан“ и „Книќанинова“ во белградската населба Дорќол, кога трамвај со број 5 излета од шините и удри во зграда.
Според здравствените власти, повредени се 11 возрасни лица, од кои двајца мажи на возраст од 20 и 60 години се со тешки телесни повреди. Сите повредени се пренесени во Ургентниот центар во Белград.
Покрај нив, со повреди се здобиле и две деца, на возраст од две и 16 години, кои се префрлени во Универзитетската детска клиника.
На местото на несреќата пристигнаа полициски и противпожарни, како и тие на итната помош, а ангажирана е и механизација за извлекување на трамвајот и расчистување на теренот.
Полицијата извршува увид, а истрагата за причините за несреќата е во тек.
Надлежните апелираат возачите да го избегнуваат овој дел од градот додека не се нормализира сообраќајот.
