Извозот на заштитни маски од економските оператори и домашните производители ќе биде дозволен во количина која не надминува 80 проценти од просечното дневно производство.
*Поврзана вест: Пациентите со коронавирус кои се без здравствено осигурување ќе се лекуваат на товар на Фондот
Оваа одлуката Владата ја донесе на денешната седница како дополнување на мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирусот. Досега извозот на заштитни маски беше цеосно забранет.
Одлуката се однесува на заштитни маски од хартија, целулозна вата или целулозни влакна и пластични маски со текстилен филтер.
„Економските оператори и производители на заштитни маски при секој извоз на заштитни маски кон царинската декларација се должни да достават изјава од извозникот и производителот дека во секој момент во магацините односно складовите располагаат со 20 проценти од просечното дневно производство на заштитни маски, која количина е наменета исклучиво за потребите на домашниот пазар“,
информира Владата.
*Поврзана вест: Влада: Полицискиот час продолжен, нема движење во групи повеќе од двајца