Мајка Тереза е еден од најзначајните хуманитарци на 20 век. Родена е како Гонџа Агнес Бојаџиу во Скопје на 26 август 1910 година, како трето дете во римокатоличкото семејство Бојаџиу. Куќата во која е родена се наоѓала во близина на денешниот плоштад „Македонија“. Еден ден по раѓањето, на 27 август, била крстена во католичката црква „Пресвето срце Исусово“ во Скопје
Централниот настан по поовд нејзиниот роденден ќе се одржи во Музејот на современата уметност, каде што се очекува да присуствува и косовскиот премиер Албин Курти
Со низа настани денеска во Скопје ќе бидат одбележани 116 години од раѓањето на Мајка Тереза. Владина делегација предводена од првиот вицепремиер и министер за европски прашањаљ Беким Сали ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на нејзината родна куќа во центарот на Скопје.

Централниот настан по поовд нејзиниот роденден ќе се одржи во Музејот на современата уметност, каде што се очекува да присуствува и косовскиот премиер Албин Курти.
Покрај тоа, денеска со свечено отворање кај Порта Македонија во Скопје започнува и манифестацијата „Денови на Света Мајка Тереза“, која ќе трае до 5 септември по повод 10-годишнината од нејзината канонизација.
Во рамките на манифестацијата ќе се одржат духовни, културни и хуманитарни настани, меѓу кои концерти, поетска вечер, изложби и посета на ранливи семејства. Централниот дел од програмата ќе биде одбележан со света Литургија на 5 септември во катедралата „Пресвето Срце Исусово“, со учество на домашни и гости-бискупи.
Мајка Тереза е еден од најзначајните хуманитарци на 20 век. Родена е како Гонџа Агнес Бојаџиу во Скопје на 26 август 1910 година, како трето дете во римокатоличкото семејство Бојаџиу. Куќата во која е родена се наоѓала во близина на денешниот плоштад „Македонија“. Еден ден по раѓањето, на 27 август, била крстена во католичката црква „Пресвето срце Исусово“ во Скопје.
На 18-годишна возраст ја напуштила Македонија, прво заминувајќи во Ирска, а потоа во Калкута, Индија, каде што му го посветила својот живот на служењето на сиромашните и на помагањето на најранливите.
За време на нејзиниот живот била почитувана во целиот свет, од обични граѓани до државници, светски лидери и познати личности. Нејзината хуманитарна работа била насочена кон борбата против сиромаштијата, гладот, бедата и болестите.
Особено значајно е основањето на католичката заедница „Мисионерки на љубовта“ во Калкута, која денес има илјадници сестри ангажирани во стотици мисии низ светот, со училишта, народни кујни, прифатилишта и установи за згрижување на сиромашни и болни.
Мајка Тереза почина на 5 септември 1997 година во Калкута, на 87-годишна возраст. Нејзината смрт уследи само десетина дена по нејзиниот роденден.
Две години по нејзината смрт, папата Јован Павле Втори ја започна диоцезиската фаза од процесот за нејзина беатификација и канонизација. Таа беше прогласена за блажена во 2003 година.
На 17 декември 2015 година, папата Франциск го одобри второто чудо потребно за нејзината канонизација. Мајка Тереза беше прогласена за светица на 4 септември 2016 година на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, на свеченост на која присуствуваа десетици илјади верници и бројни државни делегации.
Во 1980 година Мајка Тереза беше прогласена за почесен граѓанин на Скопје, градот во кој е родена.
